СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Н.(42) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против А.К.(40) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“.

На 23.07.2023, првопријавениот А.Н. со лажно прикажување на факти го измамил второпријавениот А.К. и за сума од 1.104.000 денари му продал патничко возило, кое било барано од Интерпол Стокхолм – Шведска.

Потоа, второпријавениот направил фалсификувана исправа, која ја употребил при плаќање на царинските обврски кон државата.