На 08.08.2024 во 03.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Ј.(32) од Куманово.

Тој се сомничи дека околу 03.00 во дворот од неговиот дом на улица „Народна револуција“ во Куманово, по претходна расправија и физичка пресметка, со остар предмет му нанел убодна рана на С.М.(35) од Куманово.

С.М. бил пренесен во болницата во Куманово за укажување лекарска помош.. В.Ј. бил задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава по член 123 во врска со член 19 од КЗ.