Ноќеска, половина час по полноќ, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 35-годишниот Л. З. од тетовско село.
Tој претходно бил пријавен дека околу 23 часот физички ја нападнал својата 28-годишна сопруга.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и против него ќе следува поднесок, соопшти полицијата.