Очевидци велат дека мажот замолил еден постар човек кој седел во близина, да се тргне настрана за да не го повреди. Откако неколкупати го удрил автомобилот со секира, седнал покрај старецот и ја чекал полицијата.
За кратко време пристигнала полицијата која ја тргнала секирата настрана и го одвела мажот во станица.
Станува збор за маж кој со месеци не примил плата од работодавецот, па за да му се одмазди, му го демолирал автомобилот на шефот.