Драма се случила во скопското село Батинци, каде полицијата открила два пиштоли скриени под облеката на малолетно дете. Интервенцијата следела по пријава од 32-годишен жител на селото, се вели во полицискиот билтен. Тој пријавил дека негов роднина се однесувал агресивно и му се заканувал со дрвен предмет.
Полицајците го уапсиле С.Д. (40) од селото, син на човекот кој претходно му се заканувал на пријавителот. Во текот на расправијата, С.Д. му упатил закани на пријавителот дека ќе употреби огнено оружје доколку случајот биде пријавен во полиција.
Кога полициските службеници пристигнале на местото, при проверка под облеката на малолетниот син на С.Д. биле пронајдени два пиштоли и муниција од различен калибар.
Оружјето било одземено. По целосно документирање на случајот, против С.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Министерството за внатрешни работи.
