И.Б.(42) обвинет за предизвикување општа опасност
Полицијата од СВР Тетово поднесе кривична пријава против 42-годишен жител на село Челопек, поради сомнение за предизвикување општа опасност.
На 14 август оваа година, на неговата нива покрај регионалниот пат што ги поврзува селата Брвеница и Радиовце, пријавениот запалил стрниште. Пожарот се проширил и зафатил поголем дел од земјоделската површина, што довело до интервенција на надлежните служби.
