Безживотно тело на 75-годишен маж било пронајдено вчера попладне во гостиварското село Дебреше, по пријава во полиција.
Како што било наведено во пријавата, С.Р. соопштил дека во шахта во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ. (75).
На местото на настанот извршен е увид од јавен обвинител и екипа на криминалистичката полиција од Гостивар, информираше портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.
