Додека собирал печурки го нападнала мечка
Во село Рилево, општина Долнени, повозрасен маж вчера околу 10 часот наутро бил нападнат од мечка додека собирал печурки во атарот.
Мажот се здобил со тешки повреди при инцидентот. Ловџии кои го забележале, веднаш му пружиле помош и го пренеле во болницата во Прилеп.
Поради сериозноста на повредите, пациентот подоцна бил транспортиран во клиниките во Скопје за понатамошно лекување и стабилизација на неговата здравствена состојба.
