Со овој чекор, Банките и штедилниците придонесуваат кон заштеда на електрична енергија и даваат пример за здружено општествено одговорно однесување кое дополнително се пренесува и до сите вработени кај членките, со препорака за рационално користење на електричната енергија не само во работните простории туку и во домовите.
Со колективни едукативни акции од овој вид можеме долгорочно позитивно да влијаеме врз предизвиците со кои се соочуваме глобално како што се заштитата на животната средина и намалување на ефектите од климатските промени.
-Македонската банкарска асоцијација им благодари на членките за брзиот одзив на предложената иницијатива, но и бројните досегашни активности кои ги преземаат во поглед на одржливост и подигнување на еколошката свест“, соопштуваат од МБА.