Жртвата се движела по „Голем рид“ кога дошло до нападот

Мечка нападна жена. Тетовското село Синичане во Општина Боговиње беше потресено од необичен и вознемирувачки настан – 41-годишна жена била нападната од мечка додека се движела по шумски пат, на локацијата наречена „Голем рид“.

Случајот бил пријавен во СВР Тетово на 1 јули 2025 година, околу 18:00 часот, откако тетовската Клиничка болница ја известила полицијата дека кај нив е донесена жена со телесни повреди, добиени по напад од мечка.

Жената се здобила со повреди, истрагата е во тек

Според пријавеното, нападот се случил околу 16:30 часот. Повредената Е.Х. (41) од село Синичане била веднаш пренесена во болница, каде ѝ била укажана лекарска помош.

Од СВР Тетово соопштија дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот. Надлежните институции најавија зголемено внимание во подрачјето, со оглед на можната опасност за населението во руралните и шумските делови.

Извор: Курир