Политичка пресметка по повлекувањето: Меџити распали по Таравари

Откако крилото на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците официјално соопшти дека ја напушта Владата и преминува во опозиција, следеше реакција од коалициониот партнер во ВЛЕН, Изет Меџити. Со остар коментар на социјалните мрежи, Меџити го обвини Таравари за предавство и попречување на промените.

„Не се враќате кај народот, туку на црната листа“

Во својот статус на „Фејсбук“, Меџити распали со серија критики кон одлуката на Таравари, велејќи дека неговиот потег не значи враќање кон народот, туку назадување:

  • „Не ја донесовте промената, ја спречивте промената. Не се враќате кај народот, се враќате на црната листа. Не ја напуштате владата, ја предадовте Владата.“

Меџити тврдеше дека Таравари ја изневерил сопствената партиска база и ја блокирал можноста за политички пресврт во корист на албанската заедница.

ВЛЕН како алтернатива за разочараните

Во завршницата од статусот, Меџити буквално распали по Таравари. Тој ги повика сите разочарани активисти и гласачи на Алијанса за Албанците да се приклучат на ВЛЕН, посочувајќи ја оваа коалиција како „политичкиот компас на промените“.

  • „Ги покануваме сите активисти, симпатизери и гласачи кои се чувствуваат измамени, предадени и оставени на средина на патот без насока. Политичкиот компас на промените е ВЛЕН. Дојди со нас!“

Оваа изјава ја продлабочува пукнатината меѓу коалициските партнери и ја отвора вратата за нови политички престројувања во пресрет на локалните избори во октомври.

Повеќе може да погледнете од статусот на Изет Меџити. Погледнете во продолжение:

Извор: ТВ21