Онлајн казината под удар – намалување од 40%

Првиот вицепремиер Изет Меџити соопшти дека досега се затворени 226 онлајн казина. Тие нелегално функционирале на територијата на  Македонија. Според него, ова претставува намалување на бројот на вакви платформи за 40%. Трендот на нивно целосно укинување ќе продолжи.

Апел до граѓаните – повлечете ги средствата и пријавете ги нелегалните страници

Меџити упати јасна порака до сите граѓани, а особено до младите:

„Не станувајте жртви на измами преку лажни е-пошта и не се коцкајте на нерегистрирани онлајн платформи. Ако имате депонирани средства – повлечете ги што е можно поскоро. Овие сајтови ќе бидат трајно затворени.“

Тој ги охрабри граѓаните да пријавуваат нелегални страници за коцкање, со цел владата навремено да преземе мерки.

Нов, поригорозен Закон за игри на среќа во завршна фаза

Најавен е и нов Закон за игри на среќа, кој, според Меџити, ќе биде за 50 до 70% построг од актуелниот. Во законот ќе има членови што автоматски ќе доведат до затворање на околу 70% од физичките казино-обложувалници, особено оние во близина на училишта, градинки и густо населени места.

 Ветување за искоренување на коцкарската мрежа

„Ова беше ветување на коалицијата ВРЕДИ и ние стоиме зад него“, рече вицепремиерот, нагласувајќи дека коцкарската индустрија добиенa во времето на претходната влада сега ќе биде искоренета.

Меџити повторно подвлече дека државата нема да дозволи онлајн казината и нерегулираните обложувалници да продолжат да го дестабилизираат социјалниот и економскиот живот на граѓаните.

Извор: Тв 21