Медицинската сестра од Клиниката за онкологија и радиотерапија, која на 28 февруари беше фатена при повторна кражба на лекови, доби отказно решение на 23 мај, а од 28 февруари не е стапната на Клиниката, кажа в. д. директорката на Клиниката за онкологија д-р Виолета Клисаровска, која беше денеска на прес-конференција која ја организираше министерот за здравство Фатмир Меџити.

Сестрата била ангажирана во дневната болница и не била директно вклучена со растворањето лекови.

Д-р Клисаровска објасни дека терпатиите за онколошките пациенти секогаш се даваат со физиолошки раствор, така е по протокл, додавајќи дека откако е таа директорка на Клиниката за радиотерапија и онкологија, од ноември 2022 година, секој пациент ја добива препишаната терапија согласно индикацијата, дозата, типот на лекот според тоа што неговиот соодветен лекар тоа ќе го постави, без никаква манипулација со лековите.

Д-р Клисаровоска кажа дека не дава втора шанса никому, без разлика дали е украден скап лек или физиолошки раствор.

А за тоа зошто медицинската сестра била вратена на работа после првата кражба, за тоа треба да одговори претходното раководство, рече д-р Клисаровска, која потврди дека денеска на работа дошол д-р Нино Васев, претходниот директор на Клиниката.

Немам добиено никакво решение од институциите д-р Васев да биде отстранет од работа, да, тој денеска дојде на Клиниката, додаде д-р Клисаровска.