Ивермектин, лек кој во последните месеци беше во фокусот на јавноста во Србија во контекст на лекувањето на коронавирусот, не е ефикасен во борбата против оваа заразна болест, заклучува Медицинскиот факултет во Белград.
Како што беше најавено, факултетот денеска го соопшти својот официјален став за употребата на ивермектинот.
-Поради бројните коментари кои неодамна се појавија во медиумите во врска со употребата на препаратот ивермектин во лекувањето на инфекцијата Ковид-19, Медицинскиот факултет во Белград смета дека нашиот Факултет како институција од највисоко национално значење, треба да се реагира, се наведува во соопштението.