Војна против корупцијата! Ова ќе биде една од главните заложби на „Европскиот сојуз за промени“, вели претседателот на ДД Изет Меџити во интервју за Радио Слободна Европа. Тој додаде дека на албанскиот блок му е потребна конкуренција, која, според него, недостига во последните 20 години.
Корупцијата и подземјето се едни од главните причини кои Меџити ги наведе како причина зошто ја напуштил оваа партија.
Меџити вети дека неговата партија ќе се разликува од ДУИ, а во однос на коалицијата „Европски сојуз за промени“, според него, за прв пат, далеку од избори, опозицијата се здружила врз основа на принципи, програма и приоритети да понуди нова перспектива за Албанците.