Ќе се знае точно, со име и презиме кој се огрешил и ќе си сноси последици. Отстапки нема да има, изјави денес министерот за здравство, Фатмир Меџити за случајот со Онкологија.
Меџити вели дека досега до Министерството не се стигнати поплаки од пациенти за Онкологија и апелира граѓаните да пријават ако имаат сомнежи за неправилности во лекувањето.
„Ви гарантирам како министер за здравство дека ќе има разрешување на случајот и нема целата лекарска фела да биде под притисок. Ќе има точно име и презиме кој се огрешил и тој ќе сноси последици“, рече Меџити.
Рече дека Обвинителството и истражните органи работат интензивно, а министерството е во постојана комуникација со нив.