Предвоникот на „огнената група“ од ДУИ, Изет Меџити, во интервју за ТВ Клан вели дека е изненаден од пораките на партискиот лидер Али Ахмети од синоќешниот митинг во Чаир и нагласи оти тој такви пораки не испраќал ниту до најголемите противници.

Меџити во интервјуто ја прокоментира и можноста за исклучување на незадоволните од партијата и рече дека „се шушкало“ оти тоа ќе се случи јавно на синоќешниот митинг на ДУИ во Чаир, но сепак, изрази скептицизам оти тоа може да се случи

 

Како може ова да им го направи на своите синови кои му служат 20 години, коментира потпретседателот на ДУИ и предводник на „огнената група“ Изет Меџити во врска со изјавата на партискиот лидер Али Ахмети кој од митингот во Чаир синоќа порача дека „ДУИ е незапирлив ураган кој може да ги оддува оние што се појавуваат пред него“.

Меџити во интервју за ТВ Клан вели дека е изненаден од пораките на партискиот лидер од синоќешниот митинг во Чаир и нагласи дека Ахмети такви пораки не испраќал ниту до најголемите противници.

 

„Такви изјави Ахмети не дал против други противници и непријатели. Не ми е јасно зошто им го прави тоа на синовите. Каде одите со овој ураган? На сопствените синови? На оние кои му служеа 20 години?“, рече Меџити во интервјуто за ТВ Клан и додаде дека саркастичните изјави на Ахмети нема да му служат ниту нему ниту на партијата.

Меџити во интервјуто за ТВ Клан ја прокоментира и можноста за исклучување на незадоволните од партијата и рече дека „се шушкало“ оти тоа ќе се случи јавно на синоќешниот митинг на ДУИ во Чаир.

 

„Може дури и да не избрка. Но, ќе се изјасниме кога би била донесена таквата одлука. Засега бараме расправата да се врати таму каде што треба. Ќе ја продолжиме борбата со аргументи“, рече Меџити.

 

Сепак, предводникот на „огнените“ изрази скептицизам за нивното можно исклучување од партијата зашто, според него, тоа никогаш не се случило во ДУИ. Ако сепак се случи, вели Меџити, со тоа уште еднаш ќе се покаже оти ДУИ е сменета и не е истата од онаа во минатото.

Коментирајќи ја изјавата на првиот вицепремиер Артан Груби оти неговата рака стои подадена за помирување и обединување, Меџити вели дека дури ни самиот Груби не верува во своите зборови, а неговата подадена рака ја нарече „исцеден корен“.

 

Демократската унија за интеграција (ДУИ) синоќа одржа голем митинг во Чаир на кој, меѓу другите, присуствуваа и лидерот на партијата Али Ахмети, првиот вицепремиер Артан Груби, претседателот на Собранието, Талат Џафери и шефот на дипломатијата Бујар Османи.

 

Ахмети порача дека е горд на кадрите на ДУИ во Владата и дека треба да се задржат и да се поддржат, а не да се задуши ДУИ. Порача и дека патот кон ЕУ нема да се запре со пропаганда кон Артан Груби.

 

„Ние не сме воз туку незапирлив ураган, и не излегувајте пред него зашто ќе ве оддува“, рече Ахмети.