Од 12 до14 јули во Преспа ќе се одржи годинешното издание на MEET PRESPA 2024, фестивал кој спојува музика, уметност, гастрономија и живот во еден неверојатен триаголник на регионот на Преспа.
Фестивалот почнува на 12 јули во 20 часот во село Брајчино со музичка програма на која ќе настапат Марија Каева, Виолета Качакова, Александар Гавровски и Добрила и Дориан Дуо.
На 13 јули на плажата Долно Дупени од 18 до 04 часот ќе се одржи Dupeni Beach Stage на кој ќе настапат Street Outdoors, Antoin, Andrej Micajkov, Berryqyat, Bobax Bole, Gox, Dejan Dex, Ermilova, Katerinha, Herzel, Emily, Labava varijanta, Nastasya Kish, T Zobe.
На 14 јули посетителите ќе уживаат во Street food festivalot во Брајчино.