Утрово мега акција на Министерството за внатрешни работи каде уапсени се вкупно 29 лица. Преку нивното здружување нанеле штета од 6,5 милиони евра, а веќе познати се првите имиња каде најзвучно е името на Васко Ковачевски кој важи за близок соработник на Зоран Заев.

Големата истрага на МВР е поврзана со работењето на РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и во ТЕЦ Неготино. Утрово има големи претреси во Битола, Велес, Кичево, Скопје. Уапсени се голем број на физички лица, засега 29, а опфатени се и неколку правни лица од повеќе градови.

Николоски: Дали е случајно или не што РЕК Битола во време на Васко Ковачевски на иста фирма дава два тендери со исти суми и анекси од 20%?

Од МВР најавуваат повеќе информации во текот на денот. Се истражуваат сомнителни јавни набавки, тешки неколку милиони евра.