Откако минатата недела стана јасно дека СДСМ, ДУИ и премиерот Димитар Ковачевски не успеваат да обезбедат уставни измени – постои сериозен меѓународен притисок за избори на зима – брифираат за Радио Лидер дипломатски извори.
Како што дознаваме, европските партнери на Ковачевски веќе му ставиле на маса неколку датуми за избори пред нова година.
– Ова е очекувано, затоа што Груби и Ковачевски до последен момент ги убедуваа претставниците на меѓународната заедница дека ќе има уставни измени. Сега откако не успеаја во тоа, според меѓународните партнери единствен спас за европската агенда на С. Македонија е да има избори по кои со новата влада ќе се договараат деталите со Бугарија. – брифира нашиот извор.
Од владејачката СДСМ категорично одбиваат било какви избори, без претходно да се изгласаат уставните измени, но очигледно оваа математика не им излегува пред меѓународните фактори.
– Многу е едноставно. Со пристапот на СДСМ и ДУИ европската иднина останува блокирана, токму затоа потребно се избори па потоа со новата влада ќе се решава прашањето. – брифира нашиот извор.
Како што дознаваме, претставниците на неколку големи земји членки на ЕУ, овој предлог веќе го истакнале како едно од решенијата. Останува да видиме дали владата ќе ги прифати европските инструкции.