Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Бајрам Лимани, убиецот на Џемаил Реџепи – командант Шќипоња. Лимани е во бегство од органите на прогонот за да ја одлежи казната од 7 години затвор.
Лимани во 2017 година во судскиот процес што се одвиваше во кумановскиот суд беше осуден на 7 години и 3 месеци затвор, и тоа 5 години за убиство и 2 години и 3 месеци за недозволено поседување оружје.
Убиството на командат Шќипоња се случи на 23 јули 2015 година, а причина за убиството се наводно амбиците на Шќипоња да стане пртседател на огранокот на ДУИ во Куманово.
Во сптември 2014 година Шќипоња веќе ја имаше објавена својата кандидатура и амбиција да стане претседател на огранок на ДУИ во Куманово, но поради убиството пред партиските избори во овој огранок не успеа да го заземе челното место на ДУИ во Куманово.