Собранието на Косово на вонредна седница расправа за борбата против корупцијата, после апсењето на извршниот директор на Косовската енергетска корпорација Нагип Красниќи.
Обвинителството го сомничи за кривично дело злоупотреба на службената положба – затоа што не биле испочитувани процедурите при објавувањето на тендерот за ремонт на еден од блоковите на термоелектраната Косово А.
Опозициските претставници ја обвинуваат владата дека е вмешана во корупциски скандал и дека Красниќи бил многу близок со косовскиот премиер Албин Курти.
Владините претставници ги негираа обвинувањата за корупција.