Меѓународниот аеродром во Кувајт бил погоден од дрон, што резултирало со „полесни повреди“ кај одреден број вработени, како и со „ограничена материјална штета“ на патничкиот терминал, соопшти Генералната управа за цивилно воздухопловство на Кувајт.
Нивниот официјален портпарол, Абдулах ал-Раџи, изјави дека властите веднаш ги активирале „одобрените итни процедури, при што инцидентот бил решен, а локацијата е обезбедена“, јави Ал Џезира.
– Ситуацијата е целосно под контрола, а безбедноста на патниците и персоналот на аеродромот останува наш врвен приоритет, изјави Ал-Раџи.
Тој додаде дека властите ќе продолжат да информираат преку официјални канали штом ќе бидат достапни повеќе информации. (МИА)
