Меѓународниот аеродром во Кувајт беше погоден од ирански напад со дронови, јави кувајтската новинска агенција Куна при што значително е оштетен радарскиот систем на аеродромот беше.
Нападот беше масивен, нагласија локалните медиуми.
Нема извештаи за жртви, соопшти кувајтската цивилна авијациска служба.
Подоцна во текот на денот, портпарол на кувајтската влада рече дека нападите биле извршени од Иран и неговите посредници.
Во меѓувреме, противпожарната служба на Кувајт соопшти дека операцијата за гаснење на пожарот што избувна во средата по воздушен напад врз еден од резервоарите за гориво на аеродромот траела повеќе од 58 часа.
Војната на Блискиот Исток ескалира, а Техеран почна серија напади врз Израел и земјите од Заливот во кои има американски воени бази.
Израел, пак, нападна цели на шиитската група Хезболах во Либан, поддржана од Иран. Јеменските бунтовници Хути синоќа соопштија дека лансирале ракети кон Израел за прв пат од почетокот на војната против Иран.
