Додека „црвените ѓаволи“ бараат долгорочно решение, па привремено после отказот на Оле Гунар Солшер тимот ќе го водат екс-фудбалерите на Јунајтед, Мајкл Керик и Дарен Флечер, англиските медиуми објавија дека и Мегваер ја загубил капитенската лента поради една глупост, која не можела да остане незабележана, а ги разгневила и навивачите на англискиот великан.
Одамна Мегваер игра „како паднат од Марс“ во дресот на најтрофејниот англиски клуб, а е најскапиот дефанзивец на светот, ама после дебаклот со Вотфорд и поразот со 1-4 вчера, Мегваер вечерта си бил на забава и тоа ја прелило чашата. Го издала една фотографија на негов пријател, со кој се сликал.
Поради ова, во ек кога алармот силно е вклучен на „Олд Трафорд“ донесено било решение дефанзивецот повеќе да не е капитен, а Роналдо да ја добие лентата. Манчестер веќе неделава го чека клучен меч со Вилјареал за осминафиналето во ЛШ, а потоа уште едно дерби со Арсенал во Премиерлигата.