Помеѓу 13 и 15 мај 1911 година, во Тореон биле убиени вкупно 303 Кинези.
Мексико не само што мора да ја признае својата одговорност и вина, туку и да вети дека никогаш повеќе нема да дозволи расизам, дискриминација и ксенофобија, рече Лопез Обрадор на заедничката церемонија со кинескиот амбасадор во Мексико, Жу Кингјао, во Тореон.
Илјадници Кинези од крајот на 19 век отишле во Мексико на работа. Многумина работеле на изградба на железничката мрежа, додека други работеле на фарми, во рудници, како трговци или во перални.
Тие се соочиле со омраза, насилство и дискриминација, по што многу од нив го напуштиле Мексико следните децении.
Според бројките на мексиканската Влада, кинеското население се намалило од 15.960 на само 4.800 во периодот од 1930 до 1940 година.
Мексико главно молчеше за масакрот во Тореон во последните 110 години, потсетува ДПА.