Првата дама на САД Меланија Трамп предизвика реакција од Атина, откако во јавен настап ја ослови македонската држава со нејзиното вистинско име Македонија. Тоа предизвика формална интервенција на грчката амбасада во Вашингтон, која инсистира на „доследна примена на одредбите од Преспанскиот договор и употреба на „уставното име“ „С.Македонија“ во сите официјални и јавни комуникации.
Грчкиот портал Greek reporter објави дека „за време на нејзиното обраќање на високопрофилен настан, првата дама го употреби името „Македонија“ за да ја опише северната соседка на Грција“.
Овој портал објави: „Грчката амбасада во Вашингтон презеде формални мерки по говорот на Меланија Трамп во кој таа ја нарече Република Северна Македонија едноставно „Македонија“. Интервенцијата беше корективна мерка наменета да ги почитува правните стандарди од Преспанскиот договор од 2018 година. За време на нејзините говори на еден настан со висок профил претходно оваа недела, првата дама го употреби името „Македонија“ за да го опише северниот сосед на Грција. Бидејќи терминот „Македонија“ се однесува исклучиво на историската и географската грчка провинција, неговата употреба како име за странска држава е чувствително дипломатско прекршување. Според принципот erga omnes на Преспанскиот договор, соседот мора да се нарекува „Северна Македонија“ во сите официјални и јавни контексти.“
Грчката амбасада „појаснува“ дека името Македонија „предизвикува регионална конфузија во врска со грчкиот културен идентитет“?!
Како одговор, грчките дипломати контактираа со надлежните служби„ за да се осигураат дека официјалните записи и идните комуникации ја одразуваат точната терминологија“. Амбасадата „појасни“ дека „користењето на името „Македонија“ за да се осврне на суверената држава во Македонија не само што ги игнорира меѓународните договори, туку предизвикува и регионална конфузија во врска со грчкиот културен идентитет“!
„Оваа решителна дипломатска интервенција го одразува големото внимание на Атина кон случувањата во Вашингтон, нагласувајќи дека придавката „Северна“ во името на земјата што граничи со Грција е правно обврзувачка, а не опционална и има за цел да го заштити посебниот идентитет на грчкиот регион Македонија.“ – се наведува во грчката реакција.
„Амбасадата појасни дека користењето на името „Македонија“ за суверената држава во Скопје не само што ги игнорира меѓународните договори, туку создава и регионална конфузија во врска со грчкиот културен идентитет. Оваа решителна дипломатска интервенција покажува дека Атина внимателно ги следи случувањата во Вашингтон, нагласувајќи дека додавката „Северна“ во името на државата што граничи со Грција е правно обврзувачка, а не изборна, и има цел да го заштити посебниот идентитет на грчкиот регион Македонија.“, објави грчкиот портал.
Извор: Expres
