Копија од менито за вечера послужена за патниците од прва класа на познатиот брод Титаник е продадена на аукција за 84.000 фунти (повеќе од 95.000 евра), објавија денеска менаџерите за продажба.

Повеќе од 1.500 патници и членови на екипажот загинаа во потонувањето на Титаник кога џиновскиот брод, кој пловел од Ирска до Њујорк, удри во санта мраз на 14 април 1912 година.

Менито, кое се проценува на меѓу 50.000 и 70.000 фунти (помеѓу 57.000 и 79.000 евра), нуди за вечера остриги, јагнешко со нане, патка во вински сос. Вечерата беше послужена вечерта на 11 април, три дена пред потонувањето.

Копија од менито беше пронајдена во фото албум во 60-тите години по смртта на канадскиот историчар Лен Стивенсон.

Аукциската куќа Олдриџ, која ја организираше продажбата, објави дека досега не е пронајдена копија од мени од Титаник.

На аукцијата беа понудени и други предмети поврзани со Титаник, како часовник на патник од втора класа и ќебе, најверојатно користени во спасувачките операции.