Адвокатот Тони Менкиновски во емисијата „Утро со Златев на Радио Лидер зборуваше за случајот со преметот на бизнисменот Јордан Камчев кој во моментов се наоѓа во притвор.
Тие сакаат да го осудат , пред да биде осуден господинот Јордан Камчев. Хронолошки за Јордан Камчев има кршење на човекови права и ако ова може да му се случи на Јордан Камчев, што може да очекуваме за другите луѓе . Овој предмет потекнува од предметот Империја, а за ова реагираше и Стејт Департмент вели Менкиновски.
Орце го сруши СЈО и власта му се одмаздува поради тоа…Па може и така да се каже.. Ова е замисла на мали јавни обвинители, дека одредени лица сториле одредени кривични дека и го вадат предметот Плацеви на Водно. Кога зборуваме за “Плацевите на водно“, само делот на Камчев е земен предвид.. а за лица блиски во власта, не се ставени времени мерки. Од крајниот исход може да видиме дека Јавното Обвинитерлство постапува пристрастно и селективно, изјави Менкиновски.