Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека целосно е искористен вкупниот број на ваучери кои беа наменети за електронски уреди за студентите.

-Вкупната бројка е искористена што посебно не’ радува. Интересот беше изненадувачки. Задоволни сме од степенот на искористеност. Можеби 15.000 денари не се доволни целосно, но со тоа може да се купи електронски уред кој ќе служи понатаму, истакна премиерот.

Целта на владината мерка беше намалување на дигиталната нееднаквост и поттикнување на дигиталната трансформација во образованието.