-Телефонскиот разговор… беше одржан вечерва и траеше 50 минути. Во текот на разговорот беа разгледани редица проблеми, во прв ред состојбата со бегалците на белоруско-полската, белоруско-литванската и на белоруско-латвиската граница, го цитира белоруската агенција БелТА соопштението од кабинетот на белорускиот претседател.

Се додава дека двајцата челници „детално разговарале за хуманитарната поддршка на белгалците преку пружање хуманитарна помош“. Лукашенко и Меркел, исто така, подробно ги разгледале „начините и перспективите за решавање на мигрантскиот проблем со цел да не се дозволи ексалација на ситауцијата на границата“, и притоа се договориле за натамошни контакти во насока на решавање на ситуацијата.

Германската влада потврди дека Меркел и Лукашенко имале телефонски разговор во текот на кој, пред сѐ, разговарале за неопходноста од обезбедување на хуманитарна помош за мигрантите заглавени на границите на Белорусија и споменатите земји членки на ЕУ. Забележително е што портпаролот Штефан Зајберт во писмената изјава не го именува Лукашенко како претседател на Белорусија.

-Канцеларката Ангела Меркел денеска имаше разговор со Александр Лукашенко. Канцеларката и г-дин Лукашенко разговараа за тешката ситуација на границата меѓу Белорусија и ЕУ, особено за потребата да се обезбеди хуманитарна помош за бегалците и мигрантите на границата. Тие се согласија да го продолжат дијалогот на овие теми, истакнува Зајберт.

Минатата седмица во близина на границата на Белорусија и Полска се формираше импровизиран бегалски камп, во кој според податоците на белоруската страна има повеќе од 2.000 лица, меѓу кои многу жени и деца, главно од земјите од Блискиот исток а во огрмомно мнозинство Курди од Ирак. Полска поради тоа воведе вонреда состојба и не ги пушта мигрантите на својата територија, а распоредувајќи околу 15.000 војници и бројна воена опрема ги спречува обидите да се премине пограничниот ѕид кој почна да го гради и да се пресече бодликавата жица.

Од крајот на летото Литванија, Латвија и Полска извесуваат за зголемување на бројот на приведените илегални мигранти од Блискиот исток и од Африка кои минуваат преку нивните граници со Белорусија, а Минск е обвинет за создавање мигрантска криза на надворешните источни граници на ЕУ. Белорусија ги отфрла обвинувањата а претседателот Лукашенко порача дека Минск нема повеќе да го запира протокот на мигрантите на својата територија, бидејќи поради западните санкци нема „ниту пари, ниту средства за тоа“ и ги обвини трите земји за насилно протерување на мигрантите на белоруска територија.