-Тоа беше моја лична грешка, призна Меркел по денешниот вонреден состанок со премиерите на 16-те сојузни покраини.

Таа изрази жалење што нејзиниот предлог за петдневно затворање на сите продавници и цркви предизвикал дополнителна неизвесност и побара од јавноста да ѝ прости.

Ова следува само два дена по маратонскиот состанок на Меркел и регионалните лидери, на кој беше договорено делумното затворање на земјата да продолжи до 18 април, а од 1 до 5 мај на сила да бидат уште построги рестрикции, со цел да се прекине третиот бран на коронавирусот. Мерките предизвикаа остра реакција на епидемиолозите, бизнис заедницата и политичките сојузници на Меркел