Мерки на претпазливост за двајца инспектори од кочанското УЈП
Двајцата инспектори од кочанското Управа за јавни приходи, осомничени во најновата истрага за случајот „Пулс“, излегоа од домашен притвор. Судот во Кочани ја прифатил нивната жалба и донел одлука да им определи мерки на претпазливост.
Обвинителството најави жалба
Со ваквата судска одлука не се согласува Обвинителството, кое најави дека ќе поднесе жалба до Апелацискиот суд во Штип. Според најавите, ќе се бара преиспитување на укинувањето на мерката домашен притвор.
Осомничени за поткуп и дојавување контроли
Станува збор за двајца даночни контролори осомничени за примање поткуп. Според истрагата, тие на одговорните во дискотеката „Пулс“ им дојавувале кога ќе има инспекциски контроли, а за возврат добивале скапи подароци. Еден од осомничените е брат на претседателката на Кривичен суд Скопје, Даниела Димовска.
Извор: МРТ
