Судот ја прифати одлуката на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Oпредели мерки за претпазливост за претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска, осомничена во истрагата за предметот „Адитив“.
Според информациите од Кривичниот суд, мерките за претпазливост вклучуваат привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова. Kако и забрана за преземање одредени работни активности поврзани со кривичното дело. Одлуката следи по нејзиното изведување пред судија на претходна постапка, каде се разгледуваше предлогот на Обвинителството за продолжување на истрагата.
Приведена претседателката на ДКСК
„Адитив“ е истрага која се однесува на злоупотреба на јавни набавки и перење пари во врска со набавката на адитиви за јаглен од страна на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и РЕК Осломеј.
Во рамките на истрагата, обвинети се 31 физички и 5 правни лица. Обвинителството тврди дека осомничените лица извршиле пререгистрација на правни субјекти. Целта била да ги изиграат постапките за јавни набавки. Како и да овозможат одредени компании да добијат договори, со што стекнале значителна имотна корист.
Димитровска е едно од трите лица на кои им е определена мерка за претпазливост, а обвинителството продолжува со истрагата и барањето на соодветни правни мерки.
Извор: Нетпрес