Тој додаде дека масовната имунизација на населението се одвива непречено и во најдобар ред на сите пунктови, ширум државата, но дека следува и отворање на нови пунктови. За неколку дена се отвора и пункт во Велес.

Според информациите од надлежните, досега се аплицирани речиси 250.000 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.505 граѓани. Бројот на граѓани кои се пријавиле за вакцинација преку платформата vakcinacija.mk е околу 400.330 граѓани.

-Во оваа прилика сакам да изразам неизмерна благодарност до здравствените работници кои во текот на целиот овој период посветено и неуморно работеа и го издржаа притисокот со кој беа соочени. Благодарност до нив и за се она што во овој момент го преземаат за вакцинацијата да тече добро и што повеќе граѓаните да бидат вакцинирани, изјави Коциќ.

Тој потсети дека вакцината е најдобриот начин да се победи корона вирусот и конечно да се стави крај на пандемијата.

-Затоа апелираме секој граѓанин да се пријави за имунизација, да се вакцинира во потврдениот термин и на тој начин да се заштити себе и блиските од коронавирусот, потенцираше Коциќ.