Груби, кој во Струга учествува на трибина по повод 20 години Рамковен договор, изјави дека лидерот на партијата Али Ахмети одлучил на Генералниот совет на ДУИ да му предложи Рамиз Мерко да се кандидира за нов мандат на локалните избори на 17 октомври.
-Уште еднаш ќе извојуваме победа. Ова, не само благодарение на сите овие јубилеи, туку и благодарение на работата што Рамиз ја заврши заедно со тимот, заедно со сите вас кои сте тука на панелот за трансформација на Струга. Нема патишта, нема булевари во Струга каде што не се работи. Нема проект што не се реализира. Нема проект со кој тој аплицирал до Владата да биде одбиен, рече Груби.