Денеска започна третиот месец од новата година, а со него овој месец ни доаѓа и пролетта.

Според долготрајната временска прогноза на „Accuweather“ во нашата земја речиси сонце ќе има само неколку дена, додека облаците и дождот ќе бидат најредовни.

Највисоката температура овој месец се очекува да биде 17 степени, додека минус ќе имаме само еден ден и тоа се очекува на 13 март.

Исто така овој месец не се најавува ниту снег, но до крајот на месецот има уште многу време, а месец март важи за „луд“ и променлив.