Аргентинецот, на теренот за францускиот гигант одбра да го носи дресот со број 30.
Нејмар веќе го зазема претпочитаниот број 10 на Меси, кој го носеше во поголемиот дел од својата кариера со Барселона.
Меси го носеше бројот 30 и во Барселона, кога првпат настапуваше во сениорскиот тим во сезоната 2004-2005 година.
Вчера Меси официјално стана нов фудбалер на ПСЖ потпишувајќи двегодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона.