Албанскиот претседател Илир Мета, осврнувајќи се на состојбата со растот на цените, вечерва побара од Владата да ги намали цената на горивата и да одобри пакет економски мерки за заштита на ранливата категорија граѓани.
Според него, вакви мерки презеле Грција, Македонија, Косово и Хрватска, а Албанија „има преземено нула економски мерки за помош на семејствата и земјоделците“ барајќи албанската влада под итно да го следи примерот на Грција, Северна Македоноја, Косово.
-Владата итно да интервенира: Да се намали цената на горивото; да одобри економски пакет за помош на семејствата кои имаат потреба. Сега е време да се слушне гласот на граѓаните, порачува Мета.
Во објавата додава дека Грција одобрила пакет економска помош од 300 до 400 евра за секое семејствата со ниски приходи.
-Северна Македонија подготви економски пакет од 400 милиони евра за ублажување на ценовната криза, фокусирајќи се на намалување на цените на горивото, струјата и помагање на семејствата на кои им е потребна. Косово издвојува 50 милиони евра субвенции во земјоделството. Хрватска ја укина акцизата за нафтата. Албанија нула економски пакет за помош на семејствата во неволја, земјоделците и малите бизниси и нула иницијативи за намалување на навредливите цени на горивото, струјата и производите за потрошувачката кошничка, напиша Мета во објавата на Фејсбук.
Во Тирана и други градови беа одржани протести со барање за намалување на цената на горивата, што, според учесниците ќе ги намали и цените на транспортот и на другите производи. Најавени се секојдневни протести се до исполнување на барањето.