Од Поградец, каде што денеска престојуваше, претседателот Мета одговарајќи на новинарско прашање рече дека неговото разрешување е политичко и оти тој воопшто не е вознемирен.
– Јас сум смирен, тое е политичко прашање. Ќе продолжам доследно и со голема одговорност да работам, во согласност со уставните надлежности и во интерес на народот и државата до 24 јули 2022 година. Кога ќе ми заврши мандатот ќе продолжам да бидам активен во албанската политика, рече Мета.
Тој додаде дека е многу горд на целата своја активност во одбрана на Уставот на Република Албанија, која, според него, била нападната на најнепријателски и најпредавнички начин од надворешни и внатрешни фактори „за да ја имаме денес Албанија во една воопшто непосакувана ситуација, исто така и во однос на евроинтеграциските процеси“.
– Собранието требаше да ги отвори преговорите на време, доколку беа земени предвид предлозите и напорите на Претседателот низ годините за надминување на добро структуираните кризи, нелегалните локални избори, така и по заробувањето на Уставниот суд на криминален начин, како што потврди и самата Венецијанска комисија претходно, рече Мета.
Претходниот состав на албанскиот законодавен дом Мета го разреши на 9 јуни годинава, со 104 гласа „за“, седум против и три воздржани, што е прв случај во тридеценискиот плурализам во земјата.