Тој изрази искрено и најдлабоко сочувство за загубените животи и, како што напиша, ја споделува големата болка со нивните семејства.

-Посакувам што побрзо заздравување на повредените. Изразувам целосна солидарност со државните органи на Северна Македонија, кои вложуваат максимални напори да спасат што е можно повеќе животи и да ја стават ситуацијата под контрола. Моите мисли и молитви се со Тетово, напиша Мета.

Трагедијата што вечерва се случи во Тетово е ударна вест во албанските медиуми, кои пренесуваат главно информации од македонските медиуми.