Претседателот на Албанија Илир Мета ја започнува официјалната дводневна посета на Бугарија на покана на неговиот бугарски домаќин Румен Радев.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев и Мета ќе се фокусираат на односите меѓу Софија и Тирана, регионалното партнерство во Југоисточна Европа, како и европската интеграција на земјите од Западен Балкан.
Бугарскиот претседател Румен Радев пред катедралата „Свети Александар Невски“ во Софија со пригодна церемонија ќе го пречека својот албански колега.
Двајцата претседатели ќе „тет-а-тет“ средба во зградата на бугарската претседателска администрација, по што ќе се сретнат бугарската и албанската делегација, а потоа се очекува Румен Радев и Илир Мета да одржат заедничка прес-конференција.