Метална шипка паднала врз дете од Куманово додека се возело на рингишпил во луна парк на булеварот „Октомвриска револуција”, соопшти денеска СВР Kуманово. Настанот во полицијата го пријавил таткото на детето, завчера околу 22.30 часот.

– Б.Д.(49) од Куманово пријавил дека околу 19.30 часот во луна парк на булеварот „Октомвриска револуција“, додека неговиот малолетен син бил на рингишил, паднала метална шипка и го повредила, соопшти СВР Куманово.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.