Обилни врнежи од дожд по градовите, на планините – снег

Времето денеска ќе биде претежно облачно, а на одредени места и магловито, со врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни и ќе надминат 25 литри на метар квадратен, особено во попладневните часови и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат во форма на снег. Ќе дува засилен јужен ветер, кој на места ќе достигнува брзина над 60 километри на час. Максималната дневна температура ќе се движи од 10 до 16 степени.

Во Скопје дожд кон крајот на денот

Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, поизразени кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, а максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Следува заладување и снег на повеќе места

Под влијание на циклонска активност, во наредните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер, утре врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките, но и на некои пониски места. Во западните планински предели се очекува формирање нова снежна покривка, додека помала снежна покривка е можна и во пониските области. Во петок се најавува краткотрајно стабилизирање на времето, а за време на викендот, особено во сабота, повторно се прогнозираат локални врнежи од дожд и снег, кои на места ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање, информираат од УХМР.