Несекојдневна случка доцна синоќа беше снимена над небото над Турција. Метеорит влета во горните слоеви од атмосферата при што накратко го осветли целото небо.

Настанот се случил синоќа, а снимките се направени од градот Ерзурум и покраината Гумушане во источна Турција.

На една од снимките може да се забележи траекторијата на движење по која поминува светлечката топка притоа исфрлајќи силна зелена светлина.

Дел од светските експерти објаснуваат дека телото влетало во горните делови од атмосферата на Земјата, а поради големото триење се загреало и притоа се ослободила силна светлина.