Стратешкото партнерство и Спогодбата помеѓу владите. Што значи за односите помеѓу Британија и Македонија даде свое видување Британискиот амбасадор во Република Македонија Метју Лосон во гостување во Топ тема на Сител ТВ.

-Мислам дека ове е навистина историски момент во нашите билатерални односи меѓу Британија и Македонија. Како што слушнавте од премиерите ние објавивме стратешко партнерство во рамки на кое се потпишува и договор Влада со Влада. Тој договор ги поставува условите за поголема трговска размена од Велика Британија во земјава, истакна амбасадорот Лосон.

Причината поради која го правиме ова е тоа што со Вас имаме Договор за трговија потпишан пред 5 години, истакна амбасадорот. Но на двете страни постоеше мислење дека е погодно време да се постигне Стратешкото партнерство. За сета добра работа која ја работиме и да се направи дополнителен исчелкор.

Она што граѓаните ќе го видат е уште поблиска соработка со Велика Британија за значајни прашања. Како НАТО партнери ги тренираме вашите вооружени сили за заедничко учество во НАТО. Имаме фантастична соработка на сите полиња од глобални теми до надворешна политика. Министерката за образование ќе биде во Лондон оваа недела на Светскиот образовен форум, па гледаме можност за соработка во образованието, културата, и секако продлабочување на нашата соработка во борбата со организираниот криминал и миграцијата, изјави Метју Лосон.

-Навистина, еве најдоброто го оставам за крај, како ваш втор најголем инвеститор, според вашите податоци, околу половина од нашите инвестиции во целиот Западен Балкан се во Македонија и ова е дел од договорот Влада со Влада за забрзан чекор и продлабочување на веќе воспоставеното економско и трговско партнерство. Ние како Велика Британија сме слободна трговска нација и мислиме дека ова ќе даде импулс – работиме многу напорно за формирање на Британска бизнис асоцијација, имаме фантастична листа на бизниси тука кои веќе инвестирале и кои сакаат да ја продлабочат нашата врска, изјави Лосон.