Во моментов се одвива ТВ дуел меѓу Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Амар Мециновиќ од Левица на Канал 5 ТВ.
На новинарско прашање да се претстават кандидатите, прв се претстави Орце Ѓоѓриевски.
Дипломиран политиколог на 23 години имам завршено високо образование. Во ЕВН имам работено имам и приватен бизнис. На минатите избори бев избран за градоначалник на Општина Кисела Вода. Оженет сум и татко на малолетно дете, вели Ѓорѓиевски.
Се претстави и Амар Мециновиќ.
Роден сум 1996та година. Уште малку 30 години, можеби ќе ги дочекам на градоначалничката функција. Јас бев на политички студии, недипломиран политиколог сум. Јас имам успешни студии генерално, не сум завршен и немам 180 кредити. Јас се бавев научно. Студиите беа на пауза заради мојата социјална позиција, вели Мециновиќ.
Проверката на факти покажува дека оваа изјава на Мециновиќ се коси со неговата изјава на интервјуто на Канал 77 од први месецов.Тој тогаш изјави дека има дипломирано политички науки.
Јас имам завршено политички науки, таму сум лауреат на Иво Пухан на ораторските вечери. Во текот на студиите се занимавав со истраживање, но додека студирвав сфатив зошто студиите мора да бидат бесплатни. Кога имав 18 години бев целосно независен од мајка ми ама независен во смисол дека подмирив се ама немав денар за себе.
Во исто време, на веб-сајтот на Левица тој е опишан како Политиколог.

Проверката на факти покажува дека Амар Мециновиќ е фатен во лага, во нашата редакција работат дипломирани политиколози и тврдат дека недипломиран политиколог е еднакво со недипломиран доктор. Односно, Мециновиќ лажно се претставува како политиколог.
