Како што се наближуваат локалните избори, така сѐ повеќе сме сведоци на „случајни“ пожари. Горат депонии и приватни објекти, а веќе има и уапсени, па со тоа паѓаат маските.

Поранешната водителка и инфлуенсерка Миа Костова се јави со жестока реакција на случајната реакција. Ја пренесуваме во целост.

Магариња на куп. Тоа сме. Собрани магариња кои ќе коментираат под објави на некој кој се справуваше со кризи ко тодлер со собирање играчки. Магариња што веруваат во случајни пожари и запалени депонии во 20 дена. Уште фалеше да напише дека жителите на Трубарево ќе живеат на Халкидики до декември…. грозни психопати …

Да имам можност сите државни пари би ги насочила кон справување со криза, конкретни мерки, школи, трудни, болни… после тоа, од петни жили ќе дадам сѐ од себе да му ги подарам на народот на микрофони оние кои палат, да раскажат зошто и кој ги плаќа, па да сведочиме каменување како во старо време да никој никогаш не си дозволи да посегне по деца за гласови по општини и да има сила одозгора на тога да дава насоки за справување со криза.
Овие психопати се до нас, утре ќе не кољаат и по автобуси ако дозволиме да се правиме наудрени дека депонии се палат со лоша мисла.
И доста се справуваме со кризи по портали… доста! Справете се со конкретни мерки, без статуси, без видеа кој бил таму во 2 по полноќ. Справете се да не може никој да има мислење, заклучува Миа Костова.