Антидатирање на документи е кривично дело, кое што владата на Ковачевски во ситуација на брзање ги прави, за спас на своите фотелји, бизниси, тендери и кариерата на Артан Груби, пишува на Фејсбук, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
Посочува дека во спортот ова се вика „грешка во чекори“.
-Но да одиме по ред.
– Во текот на вчерашниот ден од владата информираа дека составот на Владата е договорен и испратен до Собрание (тоа беше единствената лиферувана вест, која ја објавија сите медиуми).
– Утрово од Владата информираа дека е пуштен предлог составот на Влада до Собрание со нивите предлози.
– Но потоа следуваа прашањата од новинари и колегата А. Милошоски, дали досегашните министри си дале оставка или се разрешени?
Е од тука трга заплетот во двете институции!
Имено пред само еден час ни се испрати материјал на е-парламент, за предлог состав на нова влада , т.е. разрешување на министри и заменици министри и за чудо документот од премиерот Ковачевски е со датум 10ти т.е од вчера!
Па прашањето ми е следно:
-Дали Владата или секторот за односи со јавност во Влада во текот на вчерашниот ден, половично ја информирала јавноста и медиумите или некој денес наогајќи се во „офсајд позиција“ направи класична „грешка во чекори“ и мораше да антидатира документи?
Како и да е, заклучокот е следен.
Криво насадено дрво-криво и ќе расте.
Хаотичниот обид за спас на Владата на СДСМ и кариери на „испеани“ политичари, е еден од последните непринципиелни маневри на оваа антинародна власт.
Народот ви го виде умот и ви ја зеде мерката, а резултатот ќе ви го испорача за многу брзо време.
А со резултатот доаѓа и одговорноста.
Одговорноста и за „антидатирањето“ и за криминалот , за сите антидржавни чекори и за сите штети и погрешни политики со кој го лажете и манипулирате на овој напатен и мирен Македонски народ, пишува Мицевски.