„Она што е многу битно за граѓаните, она што е битно за процесите кои што следуваат е дали ова ново мнозинство јас би прашал повеќе нема да значи или ќе значи ова ново мнозинство промена на расположението на граѓаните кон фактот дека ова е најнеспособната и најкорумпираната Влада. Не. Значи остануваме со фактот, и остануваат граѓаните со јавните анкети, креирањето на јавните мислења и сето она што се случува и укажуваат дека ова е најкорумпираната власт“, истакна Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „10 минути“ на ТВ21.
Мицевски запраша дали новото мнозинство кое што го најавува помпезно власта ќе успее нешто за 10 месеци да направи нешто за граѓаните. Според работи како што стојат сега тешко дека и новото мнозинство ќе направи нешто за подобар живот на граѓаните. Граѓаните веќе не веруваат во оваа корумпирана Влада.
„Ние сме во Собранието и ние имаме точен број на закони кои што ги имаме поднесено и она што значи опозициска работа. И колку се одбиени од тие и можам да ви кажам, и дека околу 90% од тие закони кои што ги имаме поднесено, а не се малку на број се одбиени“, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека работа на опозицијата е надзорна, и контрола на работата на институциите и министерствата.
„Владејачкото мнозинство кога веќе се договорило да направи Влада и да партиципираат во неа има обврска да собере 61 пратеник кој што ќе гласаат по основ на одредени законски решенија. Да, ние даваме поддршка но на оние закони кои што значат борба со корупцијата во моментов, поддршка на граѓаните, мерки кои што ќе го подобрат животот и во те како тешката состојба во која што се наоѓаме, и тие се гласаат и експресно поминуваат со нашата поддршка“, нагласи Мицевски.
Мицевски рече дека за закони каде што меѓусебе власта политички се договара кој повеќе тендери да земе, или закон да се донесе за кој повеќе да приграби од и така напатениот намачен македонски народ, поддршка од ВМРО-ДПМНЕ нема да ја добијат.